Паника во Потсдам во Германија, бомба на божиќен базар
Евакуиран е божиќниот базар во Потсдам поради сомнителен предмет, соопшти германската полиција на Твитер. Локалните полицајци го опколиле просторот и побарале помош од специјалци. Затворени се и неколку патишта во тоа подрачје. Антитерористичката единица го испитува пакетот. Бомбата наводно е лоцирана на детскиот рингишпил, пренесуваат тамошните медиуми.