Уставниот суд не поведе постапка за ДУП Ѓорче Петров


Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година, информира попладнево Уставниот суд.  Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста …

Уставниот суд не поведе постапка за ДУП Ѓорче Петров Read More »

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети.  На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со …

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина Read More »

Уставен суд не најде дискриминација во разрешувањето на екс-директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу


Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу од 28 јуни 2024 година. Судијката Ана Павловска Данева, на прес-конференција, појасни дека како Суд утврдиле дека нема дискриминираност по полова и политичка основа. – Судот едногласно одлучи дека нема ниту полова, ниту политичка дискриминација во одлуката …

Уставен суд не најде дискриминација во разрешувањето на екс-директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу Read More »

Уставен суд го поништи Законот за солидарен данок, државата ќе враќа 50 милиони евра на 156 компании


Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им …

Уставен суд го поништи Законот за солидарен данок, државата ќе враќа 50 милиони евра на 156 компании Read More »

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки


 Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот, како што информираат од Царинската управа, е …

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки Read More »

Уставниот суд оформи пет предмети, меѓу нив и за коридорите 8 и 10


Во периодот од 1 до 17 јануари годинава во Уставниот суд се оформени пет предмети, по претходно поднесени четири иницијативи и едно барање за заштита на слободата и правата на граѓанин, сооптија од Уставниот суд. Поднесена и е и првата иницијатива по електронска пошта која пристигна на 8 јануари, посочуваат од судот. Една од иницијативите …

Уставниот суд оформи пет предмети, меѓу нив и за коридорите 8 и 10 Read More »

Уставен суд поведе постапка за солидарниот данок, ќе враќа ли државата 50 милиони евра


Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност, соопштија од Уставниот суд.   Судот во оваа фаза од постапката ги прифати  дел од наводите во иницијативите на пет подносители како основани.  Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 …

Уставен суд поведе постапка за солидарниот данок, ќе враќа ли државата 50 милиони евра Read More »

Солидарниот данок утре на седница на Уставен суд


На утрешната сеница на Уставниот суд, ќе се најде и Законот за данок за солидарност, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови.  Како што појаснија попладнево од Уставен суд подносители на иницијатиите се Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска, потоа …

Солидарниот данок утре на седница на Уставен суд Read More »

Седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26. седница. На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија. 

Му се заканувал на уставен судија дека ќе го убие


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. – На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член …

Му се заканувал на уставен судија дека ќе го убие Read More »

Уставниот суд ќе одржи седница, ќе се оценуваат седум иницијативи


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 25. седница со дневен ред на кој се предвидени седум иницијативи за оценување на уставност и законитост. Како што најавија од Уставниот суд, на дневниот ред на денешната седница се и осум предлози за одлучување со нацрт-одлуки и донесување на нацрт-решенија по пет предмети.  Во продолжение иницијативите и предложените …

Уставниот суд ќе одржи седница, ќе се оценуваат седум иницијативи Read More »

Некој им се заканува на уставните судии


Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани …

Некој им се заканува на уставните судии Read More »

Нов обид на Уставен суд да избере претседател


Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот. Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати …

Нов обид на Уставен суд да избере претседател Read More »

Избор на нов претседател на Уставен суд


Во Уставен суд денеска со почеток од 10 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател на Судот, кој ќе дојде на местото на досегашната претседателка, Добрила Кацарска, на која мандтот ѝ истекува на 2 јуни. Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со …

Избор на нов претседател на Уставен суд Read More »

Седница на Уставен суд, ќе се разгледуваат 14 предмети што Судот ги оформил по сопствена иницијатива


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница со  дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитоста и уставноста за предмети што Судот ги отворил по сопствена иницијатива. Станува збор за предмети во коишто, како што соопштуваат од Судот, се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините …

Седница на Уставен суд, ќе се разгледуваат 14 предмети што Судот ги оформил по сопствена иницијатива Read More »

Уставниот суд оформи 98 нови предмети во декември 2023 и јануари 2024 година


Во периодот декември 2023 година и јануари 2024 година до Уставниот суд се поднесени 98 иницијативи по коишто се формирани нови предмети предмети за работа. Уставниот суд за одредени предмети објави посебни соопштенија во моментот на нивно формирање поради интерес во јавноста, а дел од нив веќе ја завршија и фазата на претходна постапка. Декември …

Уставниот суд оформи 98 нови предмети во декември 2023 и јануари 2024 година Read More »

Нема 30 отсто повисоки плати за вработените во Министерството за финансии, одлучи Уставен суд


Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно …

Нема 30 отсто повисоки плати за вработените во Министерството за финансии, одлучи Уставен суд Read More »

Седница на Уставниот суд


Уставниот суд денеска ќе одржи седница, а на дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Подносител на првата иницијатива е Добра Петковска од Скопје, а е оспорен Законот за социјална сигурност за стари лица, по Решение УП.бр.1702-2488/21 на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Скопје-Кисела Вода Станува збор за член 2, член …

Седница на Уставниот суд Read More »

Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово


Уставните судии на денешната седница дискутираа по два предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 …

Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово Read More »

Ограничувањето на висината на казнената камата до износот на главнината не е спротивно на Уставот, оцени Уставен суд


Уставниот суд на првата седница за 2024 година, која се одржа денеска, одлучи да не поведе постапка во врска со предметот во кој се оспорени законските измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување и утврди повреда на слободата на изразување на мислата и јавното изразување на мислата во врска со барањето за …

Ограничувањето на висината на казнената камата до износот на главнината не е спротивно на Уставот, оцени Уставен суд Read More »