Романците „го затегаат ременот“: растат трошоците, приходите под притисок


Приходите на романските граѓани бележат пад, додека трошоците продолжуваат да растат, покажува истражување на Националниот институт за статистика, објавено на официјалната интернет-страница на институцијата. Според податоците, вкупниот просечен месечен доход на населението во третото тримесечје од 2025 година изнесувал 9.420 леи (околу 1.850 евра) по домаќинство и 3.789 леи (744 евра) по лице. Во споредба […]

Новата економска мапа на Европа: Ова се најголемите економии во 2026 година


Најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година покажуваат тивко, но исклучително значајно поместување на економскиот центар на гравитација во Европа. Според податоците за номиналниот БДП по земји, Романија е позиционирана точно во средината на европскиот ранг – пред Чешка, Грција, Португалија, Финска, Унгарија, па дури и Луксембург, а само малку зад Данска. […]

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју


Поранешниот министер за финансии на Романија, Даниел Кицоју, денеска е правосилно осуден на четири години затвор поради предизвикување сообраќајна несреќа со две жртви во 2019 година. Апелацискиот суд во Питешт ја донесе конечната одлука, утврдувајќи дека Кицоју возел во спротивна насока и директно се судрил со автомобил во кој биле 82-годишен маж и неговата 73-годишна […]

Снежна бура го завеа претседателот на Романија, не може да се врати дома (видео)


Претседателот на Романија, Никушор Дан, беше заглавен во снегот во Франција, а поради снежната бура, неговиот авион не можеше да полета од Париз ниту синоќа ниту утрово. Воениот авион што го однесе првиот човек на Романија во Париз не можеше да полета ниту во вторник на полноќ, како што првично беше планирано, ниту во среда […]

Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил


Романската коалициска влада одобри уредба која овозможува преземање на локалниот имот на компаниите кои се под меѓународни санкции, како што е руски Лукоил. Лукоил во Романија има 320 бензински пумпи, управува со третата по големина рафинерија во земјата и поседува права на офшор истражувања во дел од Црното Море. Рафинеријата, која обезбедува околу една четвртина […]

Романија сериозно се вооружува: Купува француски системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“


Романија, членка на ЕУ и НАТО, има долга граница со Украина, што ја зголемува нејзината воена важност. Нејзината моментална воздушна одбрана вклучува разни модерни системи како што се Патриот, авиони Ф-16 и ракетни лансери Химарс. Романското Министерство за одбрана објави дека потпишало договор со Франција за купување на 231 преносни системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“ […]

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија


Три компании досега покажаа интерес за купување средства на Лукоил во Романија, изјави во вторник министерот за енергетика Богдан Иван, според извештај на романските медиуми, истакнувајќи дека триото е во директни разговори со руската нафтена компанија. Лукоил има 320 бензински пумпи во Романија, управува со третата најголема рафинерија и поседува концесија за истражување на наоѓалишта […]

Дали сте виделе ваква улица? Романците шокирани од бизарното решение за безбедност во сообраќајот


Романскиот град Рамниcу Сарат го привлече вниманието на пошироката јавност од сосема бизарна причина – улица каде што беа поставени 11 пешачки премини. Иако улицата во овој град на југоистокот на Романија не е позната по густ сообраќај, властите одлучија да постават вкупно 11 пешачки премини на 250 метри од патот. Градските советници тврдат дека […]

Романија купува 18 борбени авиони за едно евро


Романското Министерство за одбрана потпиша договор со холандската влада за купување 18 борбени авиони за, како што велат, „симболична цена од едно евро“. Романското министерство потпиша договор со холандската влада за купување 18 борбени авиони F-16 Fighting Falcon со опрема, објави на Фејсбук романскиот министер за одбрана Јонут Муштеану. Тој објасни дека авионите ќе се […]

Од 42 степени на копно до 13 во морето: метеоролошки екстреми во Романија


Националната метеоролошка служба на Романија издаде жолт и портокалов код за екстремно високи температури во 17 окрузи на југот на земјата. Најжешко е во регионите Олтенија и Мунтенија, каде индексот на температура и влажност ќе ја надмине критичната граница од 80 единици. Максималните температури ќе се движат меѓу 37 и 40 степени, а ноќта повторно […]

Романскиот јавен долг ќе достигне 60 отсто од БДП, предупредува министерот за финансии


Јавниот долг на Романија оваа година се очекува да достигне 60 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), предупреди романскиот министер за финансии Александру Назаре во синоќешното интервју за телевизијата „Антена 3 СиЕнЕн“. Според него, во последните пет години јавниот долг на земјата пораснал од 570 милијарди леи на над 1,1 трилион леи, што претставува зголемување од […]

ММФ ѝ препорачува на Романија зголемување на ДДВ и прогресивен данок


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ препорачува на Романија зголемување на ДДВ на 21 отсто, воведување на прогресивен данок на доход со две стапки, како и намалување или целосно укинување на здравствените придонеси, со цел намалување на буџетскиот дефицит. Ова е наведено во извештајот на ММФ насловен „Даночна комбинација за фискална одржливост и правичност“, цитиран од […]

За Русија, изборите во Романија се „чудни“


Кремљ доцна вчера ги опиша претседателските избори во Романија како „чудни“, велејќи дека прорускиот кандидат кој победи на поништените избори минатата година бил неправедно дисквалификуван. Проевропскиот центрист Никусор Дан го победи десничарскиот и националистички ривал во вториот круг на изборите во неделата, откако фаворитот на изборите во 2024 година, Калин Георгеску, беше дисквалификуван бидејќи романските […]

Романија гласаше за ЕУ и го избра Никушор Дан


  Центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи на клучните претседателски избори во Романија со сите преброени гласови. Проевропскиот независен кандидат е осум поени пред неговиот крајно десничарски ривал, Георге Симион. Во гласови Дан имаше нешто над 800.000 повеќе. Бројките од централната изборна комисија на Романија покажаа дека Дан, кој гласањето во вториот круг го […]

Георге Симион го призна поразот на претседателските избори во Романија


Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија, Георге Симион, доцна синоќа го призна поразот во вториот круг од изборите на кои победи проевропскиот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан. „Тој (Дан) победи на изборите, романскиот народ ја изрази својата волја“, рече Симион, кој вети дека „ќе ја продолжи борбата“. Симион, лидер на крајно […]

Проевропскиот претседателски кандидат Дан победи на изборите во Романија


Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, ќе стане нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион во вчерашното гласање од вториот круг на претседателските избори. Со преброени гласови од повеќе од 99 отсто од избирачките места, изборната комисија во Букурешт […]

Симион: Ако победам, ќе го назначам Ѓорѓеску за премиер, можни се предвремени избори


 Претседателскиот кандидат на Алијансата за обединување на Романците (AUR), Ѓорѓе Симион, денес потврди дека, доколку победи на изборите, ќе го номинира Калин Ѓорѓеску за премиер, нагласувајќи дека постојат различни опции за идниот политички пат, вклучително и можноста за предвремени избори. На прашањето во интервју за телевизијата „Диги24“ дали планира, доколку биде избран за претседател, да […]

Романија ги повторува претседателските избори поништени по руското мешање


Романците денес почнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на претседателските избори кои беа поништени минатата година поради сомневања за руско мешање во романскиот изборен процес. Анкетите го покажуваат Георге Симион од крајно десничарската партија Алијанса за унија на Романци (AUR) како фаворит, но не се очекува ниту еден од 11-те кандидати да […]

САД одобрија продажба на „Патриот“ системи на Романија


Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и придружна опрема на Романија во вредност од 280 милиони долари, се наведува во соопштение на Пентагон. Американското Министерство за одбрана прецизира дека главни изведувачи на договорот ќе бидат компаниите „РТХ корпорејшн“ (поранешна „Рејтеон текнолоџис“) и „Локхид Мартин“. 

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија


Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија. Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите. Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари. Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија […]