СДСМ: Иванов е должен да одговори за што ги троши парите на граѓаните


Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните  да одговори за што ги троши нивните пари. Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните? Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери, се вели во соопштението на СДСМ. …

СДСМ: Иванов е должен да одговори за што ги троши парите на граѓаните Read More »

Мицкоски: Исправна е одлуката на Иванов да не ја потпише ратификацијата на Договорот со Грција


ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за ратификација на Договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција е исправна, водена од потребата на заштита на Уставот и државата, и оти за тоа има и сериозни правни аргументи, вели претседателот на партијата Кристијан Мицкоски. Најавува бојкот и …

Мицкоски: Исправна е одлуката на Иванов да не ја потпише ратификацијата на Договорот со Грција Read More »

Груби: Се чека вистинскиот момент за импичмент на Иванов


Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска рече дека импичментот за претседателот на државата Ѓорге Иванов е подготвен, но дека се чека „вистинскиот момент“ тој да биде доставен до Собранието. – Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет …

Груби: Се чека вистинскиот момент за импичмент на Иванов Read More »

Ременски: Иванов свесно го крши Уставот


Доколку претседателот на државата Ѓорге Иванов одлучи да не го потпише и по вторпат законот за ратификација на Договорот за спорот со името, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој нема право, истакна денеска потпретседателката на Собранието …

Ременски: Иванов свесно го крши Уставот Read More »

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера


Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот. – Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на …

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера Read More »

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство …

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција Read More »

Заев: Правните служби работат на решение доколку Иванов не ја потпише ратификацијата за името


Правните служби работат на решение доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за ратификација на договорот за името, информираше вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ. – Жалам што претседателот Иванов го пропушти моментот со тоа што вака ги позиционираше своите ставови. Јас знам дека после успешниот референдум должност е сите да се …

Заев: Правните служби работат на решение доколку Иванов не ја потпише ратификацијата за името Read More »

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори во Турција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечерва телефонски му ја честита победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција. Во телефонскиот разговор, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот …

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори во Турција Read More »

Албанските партии со порака до Иванов: Преиспитај ја одлуката или поднеси оставка


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев влегоа во меѓусебна „војна“. Откако изгласаниот договор од Собранието беше испратен до Иванов, премиерот Заев изјави дека претседателот треба да ја почитува одлуката на парламентарното мнозинство бидејќи тоа го претставува мнозинството граѓани. Но Иванов не попушта. Во ваква ситуација албанските партии ги повикуваат граѓаните на умереност и на …

Албанските партии со порака до Иванов: Преиспитај ја одлуката или поднеси оставка Read More »

Димитров: Претседателот е должен да потпише законот, кој по втор пат се враќа во Собранието


Во Уставот има празнина, претседателот има право на суспензивно вето, може да добие на време или да стопира некој закон да влезе во сила, но откако законот по втор пат ќе влезе во собраниска процедура, тој е должен да го потпише, а ние сега имаме претседател, кој не ја почитува оваа обврска. Ова го порача …

Димитров: Претседателот е должен да потпише законот, кој по втор пат се враќа во Собранието Read More »

Демократски сојуз: Иванов да го потпише указот


Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, да го потпише указот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција со кој се деблокираат евроатласките процеси и се создаваат реални можности да добиеме покана за полноправно членство во НАТО и да започнат преговорите за влез во Европската Унија, се вели во соопштението партијата. „Доколку и натаму опстојува …

Демократски сојуз: Иванов да го потпише указот Read More »

Вајгл: Иванов не смее да ја застапува својата политичка партија


Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот Парламент Иво Вајгл запрашан да го коментира ставот на Претседателот Ѓорѓе Иванов за Договорот со Грција, порача дека од ЕУ во повеќе наврати му испратиле порака дека Македонија мора да гледа кон иднината. – Обврска на политиката, на политичките партии и на претседателот на државата е да водат …

Вајгл: Иванов не смее да ја застапува својата политичка партија Read More »

СДСМ: Иванов е политичка дивоградба на Груевски


Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина. Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по обраќањето на Иванов дека нема да го потпише договорот меѓу Грција и Македонија. …

СДСМ: Иванов е политичка дивоградба на Груевски Read More »

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. – Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно …

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција Read More »

Иванов во 17 часот ќе се обрати пред јавноста


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името. Од Кабинетот на претседателот соопштија дека средбата траела …

Иванов во 17 часот ќе се обрати пред јавноста Read More »

Димитров утре ќе го информира Иванов за договорот за името


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во врска со договорот постигнат за спорот за името. Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека кај нив е пристигнато барањето за средба од Министерството за надворешни работи и оти средбата ќе се одржи утре во 10 часот.

Заев за соопштението од Иванов: Треба да помагаме, а не да одмагаме


Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија. Одговарајќи на новинарско …

Заев за соопштението од Иванов: Треба да помагаме, а не да одмагаме Read More »

Иванов побара од Заев да му ја достави документацијата за преговорите


Претседателот Ѓорге Иванов денеска побара од премиерот Зоран Заев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите. – Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов …

Иванов побара од Заев да му ја достави документацијата за преговорите Read More »

Иванов: Целиот процес наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас


Претседателот Ѓорге Иванов го прими денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, при што разговарале за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името. На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, Димитров усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа …

Иванов: Целиот процес наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас Read More »

Иванов не прифаќа ерга омнес за името и се заканува со вето


За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес,соопштија вчера од кабинетотна шефот на државата, пред најавената средба со шефот на дипломатијата на која всушност треба да добие нови информации за преговорите со Грција. Со оваа порака претседателот практично најавува дека нема да го поддржи договорот што, според рамката договорена меѓу министрите …

Иванов не прифаќа ерга омнес за името и се заканува со вето Read More »