Тачи: На претседателските избори, ДПА покажа колку е силна


Претседателските избори ја покажаа нашата сила, а парламентарните ќе бидат следен предизивик за партиско обединување, порача претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи пред членовите и партиските функционери на заедничка ифтарска вечера во Тетово.

Членството во НАТО, според Тачи, е главниот успех кон кој се стремат како партија.

-Последните претседателски избори аргументираат дека ДПА е силна политичка партија на Албанците во Северна Македонија, која успева да се одржи во овие тешки моменти за земјата. Проектот на ДПА до крајот на годината ќе се финализира и Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО. Ќе остане како задача за сите нас во ДПА, за сите Албанци времето пред нас оваа партија да ја структурираме, зајакнеме, да ја соединиме со одредени елементи што биле одвоени и во наредните парламентатни избори да излеземе со силни капацитети за сите Албанци и нивната волја да ја трасираме таму каде што треба. Верувам дека со нашиот ангажман ќе демонстрираме како партија дека сме битни и значајни за Албанците во Македонија и ќе се бориме за консензуалниот начин на одлучување, рече Мендух Тачи.

Тој смета дека и во регионот има позитивна политичка состојба.

-Оваа година е многу важна за Албанците, за регионот. Има финален дијалог меѓу Србија и Косово, пополека политичка елита ги соединува своите мислења. Не треба никој поради оваа работа да биде загрижен, концептот е многу јасен, Косово ќе биде независна држава,а со тоа што Северна Македонија ќе биде членка на НАТО ќе чекориме напред, истакна лидерот на ДПА.