Тачи му возврати на Вучич: Подготвени сме на се!


Претседателот на Косово, Хашим Тачи запрашан за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе ја отвори армијата кон Косово, Тачи рече:

“Тоа е популистичка изјава, Вучиќ многу добро знае дека не може да се движи кон Косово, нешто што е незамисливо и невозможно и тој е убеден, но во секој случај институциите на Република Косово, вклучувајќи го и КБС, се во состојба на подготвеност . Никој не треба да ги заштити луѓето што го прекршиле законот. Белград треба да покаже конкретна соработка за оваа работа. Имаше обвинувања за барикади, но патиштата се отворени. Косовската граница е позната и на меѓународно ниво. Србија и Вучиќ не мислеа дека ќе бидеме независни, но ние сме веќе независни “, заклучи Тачи.