СЗО: Рекорден дневен број на новозаразени во светот, 581.000
Во последните 24 часа во светот се потврдени 581.000 нови случаи на корона вирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, вкупниот број на заразени на глобално ниво се искачи на 48,53 милиони. Бројот на смртни случаи во изминатиот ден се зголеми за 8.000, на 1,23 милиони.
Од вкупниот број новозаразени, половина се евидентирани во Европа, 308.876. Следат Јужна и Северна Америка со 167.031 и Југоисточна Азија со 61.831 нови случаи.
Најмногу новоинфицирани од почетокот на пандемијата се регистрирани во САД, 9,38 милиони. Следува Индија со 8,4 и Бразил со 5,5 милиони случаи на корона вирус.