СЗО: Омикрон во следните недели ќе зарази половина од популацијата во Европа


 

Предвидувањата велат дека варијантата омикрон ќе зарази повеќе од половина од жителите на Европа во следните шест до осум неделу, вели д-р ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

„Влеговме во 2022 година, а земјите од Европа и средна Азија и понатаму се под интензивен притисок од короната“, рече Клуге на виртуелната конференција за новинари.

„Денес варијантата омикрон претставува нов плимен бран од запад кон исток и се шири низ регионот“, додаде.

„Со ова темпо Институтот за здрваствено мерење и евалуација предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните 6 до 8 недели“, рече Клуге.