СВП контра Љутков


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга преку социјалните мрежи излезе со соопштение во кое го демантира поранешниот министер за култура Зоран Љутков дека имало предлог за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата.

Објавата ја пренесуваме во целост:

„Во врска со изјавите во медиумите на поранешниот министер за култура Зоран Љутков и сегашен национален координатор за култура, околу предлогот за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата, во кој се вели дека предлогот дошол од “двајцата директори“ на институцијата, одговорно и недвосмислено го изјавуваме дека:

 2. До средбата со актуелниот министер за култура Седат Сулејмани, во понеделникот, 10.08.2026, никој во НУ Струшки вечери на поезијата не бил запознат или информиран дека Министерството за култура поднело таква информација до Владата со предлог за укинување на институцијата и припојување кон Центарот за култура, во која би продолжила да функционира како одделение (сектор). Новиот министер постапил онака како што требало да биде одамна. Очигледно е дека претходно било претпоставено дека предлогот за укинување со сигурност би бил одбиен, доколку би биле прашани. Тогашниот министер Зоран Љутков, кој на 24 јуни држеше говор на отворањето на Струшките вечери на поезијата 2026, можеше барем усно да нѐ информира дека е покрената таква иницијатива. Затоа, прашуваме, како без наше знаење, согласност или било какво мислење некој поднел барање до Владата за укинување на институцијата?

3. Тогашниот министер и оние кои ја подготвиле таа информација и предлог од Владата требало да прибават официјално мислење од органот на управување на институцијата (Управниот одбор) кој одлучува за вакви работи. Самиот потврдува дека не добил такво нешто, што јасно покажува дека немало таков предлог од никој од СВП. 

4. Нашиот став го кажавме веднаш штом дознавме за предлогот. Да сме знаеле, ќе сме прателе писмен допис до Министерството, како што постапивме по однос на предлогот во Спомен домот на „Браќа Миладиновци“ да се сместат уште 16 вработени од поранешната Агенција за туризам. Во таа зграда и трите простории во кои функционираме нема доволно за 9-те вработени на СВП, не пак за уште 16 нови. Со ова нели се загрозува функционирањето на СВП? 
Сета среќа е што Владата ја водат одговорни, разумни, совесни и информирани функционери кои го одбиле предложеното од Министерството за култура и во мислењето по однос на предлогот им одржале лекција за културни политики и патриотски и одговорен однос кон клучните институции кои се во темелите на државноста на Македонија. Нашиот став како институција по однос на предлогот се гледа по тоа како реагиравме откако дознавме за овој предлог. Бескрајно благодариме и на итната недвосмилена реакција на Претседателката на Република Македонија, госпоѓа Гордана Сиљановска Давкова, како покровителка на нашата институција. 


Нашиот овогодишен постер симболично и пророчки како да навести ваква ситуација. За жал, каменот кон нашата институција беше фрлен од тој што требаше да ја брани“. 

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга