Светската музичка сензација Џејсон Деруло доаѓа во Македонија


Светската поп и Р’н’Б суперѕвезда, Џејсон Деруло, за првпат ќе настапи кај нас – и тоа на 2 август, под отворено небо на „Билјанини извори“ во Охрид.

Од песните кои ги пееме во секојдневието како “Swalla”, “Want to Want Me”, и “Savage Love”, до неговите иновативни танцови перформанси кои ги освојуваат милиони обожаватели, Деруло не е само музичар – тој е глобална икона. Неговата енергија, харизма и неспоредлива музичка умешност го прават еден од најдобрите забавувачи на нашето време.

Организатори на концертот се „Прагма продукција“ кои уште еднаш докажаа дека нашата земја има капацитет да биде домаќин на најголемите имиња од светската сцена.

Билетите ќе бидат пуштени во предпродажба од среда, во 10 часот наутро, од само 1500 денари – понуда која ќе важи само 7 дена, вели организаторот.