Светската боксерска воведе задолжително утврдување на полот


Меѓународната боксерска федерација објави денеска дека ќе воведе задолжително тестирање за утврдување на полот за сите учеснички во своите натпреварувања.

Новата политика стапува на сила на 20 август и прв пат ќе се применува во женска категорија на претстојното Светско првенство во бокс во Ливерпул, од 4 до 14 септември.

„Ова значи дека сите спортисти кои сакаат да се натпреваруваат во 10-те тежински категории за жени на Светското првенство во Ливерпул ќе мора да се подложат на PCR или функционален медицински еквивалентен генетски „скрининг“ тест за да се потврди нивната подобност за боксување“, објави Светската боксерка федерација.

Дебатата за родовата еднаквост доби на важност на минатогодишните Олимписки игри во Париз, на кои Алжирката Имане Келиф и тајванската боксерка Лин Ју-тинг освоија златни медали во своите категории, и покрај тоа што беа дисквалификувани од Светското првенство за жени една година претходно, бидејќи тестовите „докажаа дека имаат XY хромозоми“.