Светска банка: Корона вирусот турка 60 милиони луѓе во крајна сиромаштија
Директорот на Светската банка, Дејвид Малпас, предупреди дека пандемијата со вирусот корона ќе одведе до 60 милиони луѓе во „екстремна сиромаштија“.
Светската банка очекува глобалниот економски раст да падне за 5 проценти додека земјите се борат против пандемијата, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на Малпас.
„Нашата проценка е дека до 60 милиони луѓе ќе бидат втурнати во екстремна сиромаштија, што го поништува целокупниот напредок во намалувањето на сиромаштијата во последните три години“, рече Малпас.
Според дефиницијата на Светска банка, „екстремна сиромаштија“ значи да се живее со помалку од 1,90 долари по човек дневно.