„Светци“ – Скорсезе е продуцент на серија која ќе се снима во Србија
Славниот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе е ангажирам како продуцент на новата серија „Светци“ која ќе се снима во Србија.
Серијата ќе опфати осум едночасовни епизоди во која ќе ги истражува приказните на исклучителни мажи и жени кои ризикувале се за да ја отелотворат најблагородната и најсложената суштина на човечкиот род – верата.
„Речиси цел живот го поминав со приказни за светци, размислувајќи на нивните зборови и дела, размислувајќи ги световите во кој живееле, изборите со кои се соочувале и примерите кои ги оставале. Ова се приказните за осум многу различни личности. Секој од нив живеел во целосно различен временски период од годината, и оделе по патот на љубовта со зборовите на Исус во евангелијата. Ме прави навистина среќен тоа што ќе работам со група на талентирани соработници – истакна Мартин Скорсезе.
Креатор на серијата е Мати Лешем, додека Мартин Скорсезе ја продуцираше за „Lionsgate Alternative TV“. Сценариото го напиша Кент Џонс, и ќе биде режирана од Елизабет Чомко.