Сведителствата ќе чекаат да заврши прославата на Груби
Две недели до почетокот на учебната година, сведителства се уште нема, но има два тендери на контото на „Арбериа дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ победи и на тендерот на министерството на Артан Груби и утре треба да ја организира прославата за одбележување на Рамковниот договор. Пет министри се променија, и ниту еден не се откажа од услугите на тетовскиот печатарски магнат, известува „Телма“.
Фирмата е основана со шифра на дејност „печатање“, но на нивната интернет страница се промовираат неколку други бизнис понуди. Работењето на фирмата миленик на јавните институции е продукт на лошиот Закон за јавни набавки. Познавачите за Телма велат дека е проблематично што оваа фирма никогаш не добила лоша референца.
Првиот човек на „Арберија“, Хасим Хамзи, не е нов за јавноста. За изброите во 2015-та за партијата ДУИ донирал трикратно повеќе од лидерот Али Ахмети. Во 2018- тата оваа фирма склучи неколку договори во четири очи со Министерството за образование. Одговорност нема, а добрата соработка продолжи, тврди Телма. Одговорност за немањето свидетелствата нема, само ветувања дека ќе бидат дистрибуирани наредната седмица.
Додека се чека круната на постиганиот успех, недостигаат и учебници за најмалку две одделенија. И за тој тендер е пријавена „Арбериа“. Фирмата добила дури 61 тендер од државата во последните четири години, најмногу од институции со кои раководи ДУИ.