Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ


Утре напладне (четврток, 13 февруари) во ДПМ ќе се одржи свеченото доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 г. 

Добитници на наградите се:
✒️ Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисија: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски)
✒️ Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“ (награда „Ацо Шопов“, членови на жири-комисија: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ)
✒️ Иван Антоновски, за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на жири-комисија: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова),
✒️ Наташа Аврамовска, за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на жири-комисија: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски) 
✒️ Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве“ (награда „Мост“, членови на жири-комисија: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин). 
Овој настан во Друштвото на писателите, со кој ДПМ ќе одбележи 78 години од своето основање, ќе биде збогатен и со настапот на Добрила и Дориан Дуо.