Свечениот прв академски част на „Еуропа Прима“ на 3 октомври во Кинотека

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје на 3 октомври 2025 година, во Кино салата на Кинотека на Македонија, во 12 часот, ќе го одржи Свечениот прв академски час, со кој ќе започне новата академска 2025/26 година, a воедно ќе биде означен почетокот на прославата на значајниот јубилеј –20 години од своето постоење.
Свеченоста ќе започне со поздравен говор на ректорот, проф. д-р Александар Трајковски, кој ќе се обрати по повод новата академска година и големиот светски музички јубилеј, 150 години од смртта на францускиот композитор Жорж Бизе и праизведбата на неговата антологиска опера Кармен. При тоа ќе бидат изведени и фрагменти од операта, во интерпретација на проф. д-р Љупчо Коскаров, проф. м-р Дарко Мариновски и доц. м-р Марина Јаневска.
Свечената атмосфера ќе ја збогати и присуството на реномирани гости од странство, меѓу кои и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер,кој ќе упати академски поздрав.
Во рамките на свеченоста проф. д-р Роман Кралик од Универзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра, Република Словачка, ќе биде прогласен за Doctor honoris causa. По тој повод, претседателот на Универзитетот, проф. Јордан Плевнеш, ќе одржи беседа, а потоа проф. д-р Кралик ќе има свое обраќање на тема „Аудиовизуелните уметности и дигитализацијата на уметничката и филозофската меморија во светот“. Свој академски поздрав ќе упати и амбасадорката на Република Словачка, Н.Е. г-ѓа Ивета Хрицова.
Свечениот прв академски час ќе вклучи и потпишување на Меморандум за дигитализација на културното наследство на Македонија со директорката на Управата за заштита на културното наследство ,Весела Честоева. На крајот од настанот, во духот на академската традиција, свечено ќе им бидат доделени индексите на новата генерација студенти на Интернационалниот универзитет„Еуропа Прима“.
Aкадемската година ја одбележа госувањето на Потпретседателот на Универзитетот Пантеон Асас , Сорбона 2 од Париз, проф. д-р Фабрис Д’Алмеида, кој е и учесник на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, на покaна од Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Како што е познато, Д’Алмеида беше прогласен за Doctor honoris causa, на универзитетот Еуропа Прима во 2017 година.