Свечен пречек за европскиот шампион Бесир Алили


Денеска во 18 часот на плоштадот Скендербег од страна на општина Чаир е организиран свечен пречек на европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили.

„Да го пречекаме со дигнитет и еуфорија тој што ни го обели образот и со освоениот златен медал на европското првенство во борење нè направи сите да се чувствуваме горди“, се наведува во соопштението од општина Чаир.

На Европското првенство во Фиренца во борбата за златниот медал Алили во тежок и изедначен меч со 7-6 во поени го доби Ерменецот, Харутјун Хованисјан.

На патот до финалето талентираниот Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.