Суво дрво падна врз постојка во Аеродром, добро е што нема повредени


Во вчерашното невреме во Скопје, суво дрво падна врз автобуска постојка во Аеродром, а добрата вест е што нема повредени.

Дрвото и постојката се во близина на просториите на Општина Аеродром, па тоа дополнително предизвикува гнев кај граѓаните, кои на социјалните мрежи коментираат дека надлежните не гледаат ни пред нос, а не пак подалеку.

Граѓаните велат дека пријавувале неколкупати за истото дрво, но дека до вчерашното невреме, проследено со силен ветар, никој не презел ништо дрвото да биде отстрането. 

Општината, повторно по пријава на граѓани, попладнето излезе на терен и го исече и отстрани, паднатото дрво. 

Вакви дрвја има уште многу низ општината, коментираат граѓаните. Пријавувано е, но надлежните никако да излезат на терен и да ги отстранат, па кај сите постоио оправдан страв дека при некое наредно невреме некој може да настрада.

За сечење на опасни, стари, исушени дрвја надлежно е Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, но општината не може да се изземе од одговорност, затоа што треба по службена должност да интервенира и да притиска претпријатието да си ја заврши работата.

Граѓани со години сведочат дека кога ќе пријават опаснст од некое дрво, чекаат и по две години тоа да биде исечено.