„Сусурига“ во Крива Паланка – маскирано и распеано
И оваа година, по повод празникот Прочка, Општина Крива Паланка ја организираше традиционалната манифестација „Сусурига“, која повторно го оживеа духот на нашите корени и културното наследство.
„Сусурига“ не е само настан во календарот на општината, таа е дел од нашиот идентитет и препознатливост, од духот на градот и од традициите кои ги пренесуваме на младите генерации.
Овој настан ја потврдува сплотеноста на нашата заедница и љубовта кон културното богатство кое го негува секој жител на Крива Паланка.

Дефилето на маските, изработени со уникатност и креативност, заедно со традиционалните обичаи, привлече внимание на сите присутни и случајни минувачи.
На манифестацијата учествуваа гости и ансамбли од регионот, кои го направија вистински празник на културата и традицијата.
„Горди сме што, низ оваа автентична и живописна манифестација, испративме порака на единство, радост и заедништво. Благодарност до сите учесници, организатори и посетители кои ја направија „Сусурига 2026“ незаборавна“, велат од Општината.