Судот во Хаг го обвини Тачи за попречување на правдата
Во посебна изјава на Косовскиот специјализиран совет (KSC) во Хаг се вели дека „обвинението го товари обвинетиот за дела поврзани со наводни незаконски напори да се влијае на сведочењата на сведоците во судскиот процес за воени злосторства на Тачи и другите“.
Четворица други се обвинети заедно со Тачи, меѓу кои и поранешниот шеф на косовската разузнавачка агенција Башким Смакај и Хајредин Кучи, кој претходно беше вицепремиер и министер за правда.
Според соопштението на судот, Тачи на четворицата им доставил доверливи информации за сведоците на обвинителството и „им наложил да влијаат“ на нивните (на сведоците Н.З.) искази.Тачи во недела треба да се појави на јавна расправа поврзана со новите обвиненија.
KSC е суд лоциран во Хаг за да ги гони главно поранешните борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за воени злосторства.Меѓу нив е и поранешниот командант на ОВК Тачи, кој доминираше во политиката на Косово откако тоа прогласи независност од Србија во 2008 година и стана претседател.
Тачи поднесе оставка од претседателската функција кон крајот на 2020 година за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото и се изјасни за невин.