Судијката Маргарита Цаца-Николовска ќе биде претседател на работната група за уставни измени
Судијката Маргарита Цаца-Николовска ќе биде претседател на работната група за уставни измени што денес за првпат имаше конститутивна средба. Како потпретседател на групата исто така е избран судијата Бајрам Положани.
Според она што се дознава, на оваа средба не се навлегувало во расправа околу уставните измени, а е договорено со работа да почнат по првомајскиот празник. Околу ставовите на екс-министерот за правда и пишувач на Уставот, Владо Поповски, дека со формирањето на оваа работна група и со нејзината работа се прекршува процедурата пропишана за менување на овој акт, неофицијално член на комисијата порача дека тој изнесува ставови што кореспондираат со неговата политичка афилијација во моментов, односно со ВМРО-ДПМНЕ, и дека од истата причина и не е дел од составот на оваа иницијатива.