Судијката до семејствата: Без ред нема судење – ќе бидете исклучени ако се повтори


Од судењето за „Пулс“ (Фото: Б. Грданоски)

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со сослушување на оштетени и сведоци.

Судијката Дијана Груевска се обрати до семејствата на жртвите и ги повика на ред и дисциплина во судницата.

„Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го отежнува спроведувањето на постапката по закон. Сите обвинети имаат право на браниители, тоа е законско и уставно право, и вие утре ако имате потреба од адвокат, кај овие луѓе ќе се јавите“, рече судијката.

Таа додаде дека досега има судено и други предмети, вклучувајќи го и случајот „Дурмо Турс“, каде родителите на присутните биле крајно коректни.

„Доколку се случи уште едно нарушување на редот, ќе бидете исклучени од судењето“, предупреди судијката и додаде дека „сите обвинети се сметаат за невини додека не се донесе конечна судска пресуда“.