Студентите од техничките факултети со 7-минутен молк оддадоа почит на жртвите од Кочани


Фото: Б. Грданоски

Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Фото: Б. Грданоски

Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје, а  немаше говор.

Фото: Б. Грданоски

Присутните во долги колони чекаа да остават цвеќе и да запалат свеќи.

Фото: Б. Грданоски