Студенти од осум земји градеа мостови од шпагети


Студенти од осум земји, меѓу кои и Македонија, градеа мостови од шпагети во Нови Пазар

На меѓународен натпревар под назив „Градиме мостови на знаење“ на Државниот универзитет во Нови Пазар, Србија, во изминатите три дена учествуваа повеќе од 120 студенти по архитектура и градежништво.

Учествуваа студенти и од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Романија и Бугарија .

Студентите во категоријата градежништво се натпреваруваат во издржливост на мостовите, а студентите по архитектура во естетика и изглед на мостовите.

Во категоријата најиздржлив мост победија домаќините од Нови Пазар. Нивниот мост од шпагети издржа тежина од повече од 150 кг.

Нови Пазар традиционално е домаќин на оваа манифестација од како студентите од Нови Пазар победиле во Марибор, Словенија.

Од оваа година воведена е уште една категорија, мостови се натпреваруваат и во естетика, а во таа категорија повторно најдобри беа студентите од Нови Пазар.