Студено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени.
До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со пораст на дневните температури. За време на викендот, времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд.