Струмичката вода не е за пиење! Се исчисти од манган, ама има бактерии


Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резулатите од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица.

Како што информира АХВ, кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата (тоа се бактерии кои најчесто се среќаваат во дигестивниот систем на животните, вклучувајќи ги и луѓето и тоа во долниот дел од дигестивниот систем, дебелото црево. Покрај тоа, овие бактерии се наоѓаат во растенијата и почвата.)

-Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем.  Во рамки на надзорот, со цел верификација на испитувањата на мостри вода земени од страна на ЈКПД „Комуналец” Струмица – објект за преработка на вода за пиење и од водоводната мрежа, во присуство на стручна екипа за замање мостри од Институтот за јавно здравје Скопје, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец, наведува АХВ