Струмица сама ќе си бара негувателки за градинките – надлежните министерства не даваат согласност

Поради недостаток на негувателки во градинките под надлежност на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов упати силна порака до јавноста:
„Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние самите ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар.
Општина Струмица и јас нема да дозволиме никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.
Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен – се работи за нашите деца!
Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки, воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки“ – порача градоначалникот Костадин Костадинов.