Стразбур ќе објави извештај за неспроведувањето на пресудите за Македонците во Бугарија


 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски најави дека во април на редовната сесија на Парламентарното собрание во Советот на Европа  една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и дека во извештајот за тоа ќе бидат вметнати пресудите за Македонците од Бугарија што Бугарија не ги спроведува.

-Во април има редовна сесија на Парламентарното Собрание на кој што една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур. Jавноста малку знае дека јас сум еден од луѓето кои го следat спроведувањето на овие пресуди и сум дел од тој kомитетот во Советот на Европа. Ќе има доста жестока дискусија во однос на Бугарија, затоа што еве можам ексклузивно и за јавноста да кажам дека ќе бидат вметнати во тој извештај пресудите што се однесуваат на Македонците од Бугарија, што Бугарија не ги спроведува.