Стравични детали: Џин Хекман и неговата сопруга биле мртви од 17 февруари

Смртта на актерот Џин Хекман и неговата сопруга ги шокираше сите, а во јавноста протекуваат нови информации кои се подеднакво шокантни.
Оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава во четвртокот беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе вреден 3,3 милиони долари.
Нивните тела веќе беа делумно мумифицирани. Речиси секој ден протекуваат нови детали за нивната смрт, а според последните полициски информации актерот починал најмалку девет дена пред да биде пронајдено неговото тело.
Според CNN, гледајќи во неговиот пејсмејкер, уред кој го регулира срцевиот ритам, полицијата увидела дека неговата последна активност била на 17-ти февруари. „Според наодите на патологот и врз основа на информациите со кои располагаме, можеме да заклучиме дека 17-ти февруари бил последниот ден од животот на актерот Џин Хекман“, соопшти полицијата.
Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе ја сподели веста за смртта на Џин Хакман и неговата сопруга Бетси Аракава на прес-конференција.
Шерифот Адан Мендоза рече дека за време на аутопсијата на Џин Хекман, било откриено дека неговиот пејсмејкер ја имал својата последна активност на 17 февруари, девет дена пред да бидат откриени нивните тела.
Засега, истражувачите веруваат дека тоа бил денот кога Џин починал.
„Мислам дека е многу добра претпоставката дека тоа беше неговиот последен ден од животот“, изјави шерифот Мендоза на новинарите за време на прес-конференција.
Шерифот Мендоза, исто така, потврди дека домот на парот бил негативен на труење со јаглерод моноксид и додаде дека едно од нивните кучиња било пронајдено мртво, додека други две кучиња биле пронајдени живи.
Тој исто така додаде дека „нема очигледни знаци на напад“ и дека причината за смртта се уште не е утврдена бидејќи се чекаат токсиколошките извештаи, пренесува Entertainment.