„Стоп за Вардариште “ тврди: Протестите не се под партиско влијание

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ категорично ги демантира тврдењата дека протестите се организирани под влијание на политички партии или организации.
„Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска и независна, за здрав воздух и здрава животна
средина. Протестите ги организираме единствено ние – граѓаните, и никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели,“ стои во реакцијата.
Од иницијативата ги повикуваат граѓаните да останат обединети и да не подлегнуваат на
дезинформации. Протестите продолжуваат секој ден во 18 часот кај мостот Близнак.