„Стоп за Вардариште“ блокираат уште денеска и утре – депонијата нема да се оградува!


Фото: Б. Грданоски

Уште денеска и утре, жителите на Аердором, кои повеќе од еден месец ја блокираа крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, ќе продолжат со протестот, затоа што од сите надлежни преземена е обврска за почеток на санација на неформалната депонија Вардариште, која ги труе скопјани.

Имено, деновиве, претставници на „Стоп за Вардариште“, се сретнаа со претставници на Министерството нза животна средина, за внатрешни работи, за социјална политика, демографија и млади, потоа со градоначалниците на Општина Аеродром и Гази Баба и други, а заклучокот е дека со средбата е направен позитивен чекор кон почеток на решавање на проблемот со Вардариште.

„Согласно дeбатата на вчерашната блокада со граѓаните, одлучено е дека блокадите ќе продолжат во следните два дена (до петок), со цел да се следи работата на властите во однос на реализацијата на договорените итни мерки:
-Поставување видео камери,
-Обезбедување на Вардариште од сите 4 влезови (2 со полиција, 2 затворени)
-Почеток на чистење на моменталниот отпад на површината на депонијата.
Во зависност од тоа како ќе се спроведуваат овие активности, во петок граѓаните ќе одлучат дали блокадите ќе продолжат или ќе бидат ставени во мирување“, велат од „Стоп за Вардариште“.

Во однос на иселувањето на луѓето кои живеат врз депонијата, а проценето е дека се околу 200, од кои повеќето малолетници, велат дека заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, ветил дека ќе почнат со постапка за наоѓање соодветно место за нив, а тоа наскоро треба да помине и на Влада.

 

Депонијата Вардариште на крајот на август се запали, а смрдеата и чадот се чувствуваа во поголемиот дел од Скопје, но најмногу во Ново Лисиче и Аеродром, како и Маџари…

Граѓаните, револтирани од игнорантскиот однос на властите со децении, излегоа на протест пред мостот и еве веќе повеќе од еден месец се собираат барем еднаш дневно, во 18 часот, а неколкупати и наутро од 7.30 часот. 

Во полициската и нспекторската акција, што следуваше веднаш по пожарот, беа уапсени три лица, кои недозволиво складирале отпад на депонијата, а потоа и го поалеле за да извадат бакар и други метали од каблите. Вчера, на тројцата им беше изречена максимална казна затвор од три години. 

Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште