Столтенберг: Западен Балкан останува во фокусот на НАТО

Западен Балкан е важен за НАТО и нашиот фокус на него ќе продолжи, вели генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Доаѓајќи на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел, тој рече дека Алијансата со Балканот има историја, дека на тие простори е присутна доста долго, од деведесеттите години на минатиот век.
– Имаме Кфор на Косово и таму сме за да обезбедиме стабилност и слобода на движење на сите од тие области – вели тој.
Тој додава дека НАТО ги поддржува дипломатските напори на ЕУ за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, за соработка со Унијата во Босна и Херцеговина, а двете нови членки на НАТО се од Западен Балкан.
– Западен Балкан е важен за НАТО и затоа продолжуваме да се фокусираме на тој регион – рече тој.