Столтенберг смета дека воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, смета дека делумната мобилизација од стр ана на властите во на Русија, започната во септември, покажува дека Москва не планира да ги прекине непријателствата во блиска иднина.
– Сето ова укажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и да се обидат потенцијално да започнат нова офанзива – тврди тој.
– Она што го знаеме е дека она што може да го постигне Украина на таа маса зависи целосно од нејзината сила на бојното поле – нагласи тој.
Столтенберг во петокот рече дека, иако тоа „може да звучи парадоксално“, западната воена поддршка за Украина е „најбрзиот пат до мир“.