Стојановски: Надзорна расправа ќе има, но таму каде што сака ВМРО-ДПМНЕ!

Владејачкото мнозинство во Собранието со потписи од 61 пратеник денеска до претседателот на Собраниет, Африм Гаши, испрати барање за одржување надзорна расправа за аерозагадувањето иако таква веќе е покрената вчера од Димитар Апасиев како претседател Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска на прес-конференција беше дециден дека ваква надзорна расправа ќе се случи со целосно почитување на одредбите од Деловникот.
– Во текот на вчерашниот ден имавме комисија за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања која траеше повеќе часови и на која што многумина пратеници, особено од политичките партии, Левица и СДСМ, укажуваа на тоа дека треба да има надзорна расправа, дека таква мора да се случи. И, таква ќе се случи во Собранието“, порача Стојановски.
Тој соопшти дека процедура за надзорната расправа веќе е почната, но за разлика од СДСМ и Левица тие бараат претседателот на Собранието да го утврди матичното тело каде што ќе се одржи таа.
-Ова барање е 99% истото со она барање која што имаат поднесено СДСМ и Левица, со една клучна разлика, што нашето барање го имаат потпишано 61 пратеник и бараме од претседателот на Собранието, согласно одредбите во Деловникот, да утврди матично работно тело на кое што оваа надзорна расправа ќе се одржи. Така се одредбите и на тој начин ние ќе им дадеме можност, сето тоа кое што го зборуваа вчера на Комисијата, сето тоа кое што го укажуваа на јавноста, слободно да дојдат, да поканат кого тие мислат дека треба да поканат и да бидат присутни, да ги отворат сите прашања што сметаат дека треба да ги отворат. На таа надзорна расправа ќе биде присутен премиерот и министрите, бидејќи нашиот интерес е таа надзорна расправа да се одржи; порача Стојановски.
Според него, таа надзорна расправа, со сите одредби кои што ги дава деловникот, треба да заврши со утврдување на одговорност на сите оние кои што изминатите години не направиле ништо за да се борат против аерозагадувањето.
-Ние нема да учествуваме во политички организирани расправи кои што треба да фрлат гума за спасување на некому и да му ја спасуваат политичката кариера. Да, ќе се одржи надзорна расправа, но којашто ќе даде одговори, а нема да отвори одредени дилеми, нема да отвори отворени прашања, нема да спасува ничија политичка кариера. Таквата надзорна расправа треба да биде организирана без дамка и со почитување на сите одредби во деловникот, порача Стојановски.
Проблемот за нив, како што кажа, е политизирање на темата за аерозагадувањето.
– Ако ја видите листата на гости, мене ми индикативно тоа што нема ниту еден функционер кој пто извршувал таква функција кој што е одговорна за спречување на аерозагадување претходните седум години, рече пратеникот Стојаноски.
Според кажаното, место да се утврдува состојбата околу загадувањето и кој придонесува за неа, ќе се бркаат политички виновници, т.е. пак ќе се кажува дека СДСМ е одговорна за нешто за што тие сега решаваат.