Стојановски: Крајно безобразно е однесувањето на маркетите
Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го коментираше ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите. Тој во телевизиска емисија кажа дека она што го прават маркетите е крајно безобразно.
– Случувањето во маркетите е безобразно. Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред – рече Стојаноски