Стох победи на Бишофсхофен, освои трет „Златен орел“


Традиционалниот новогодишен турнир „Четири скокалници“ завршија со натпреварот во Бишофсхофен со победа на Полјакот Камил Стох.

Откако Карл Гајгер победи во Оберсдорф, Давид Кубацки во Гармишпартенкирхен на Стох му припаднаа триумфите во Инсбрук и на последната станица во Бишофсхофен.

Со тоа на крајот заврши како шампион на 69. издание на турнирот, трет пат во кариерата по 2017 и 2018 година.

На затоврањето на турнирот скокна 140 метри и во последната серија ги надмаши Штефан Крафтар од Австрија и германецот Карл Гајгер.

Зад него со ред завршија Халвор Гранеруд (Норвешка), Михаел Хајбок (Австрија), Роберт Јохансон (Норвешка)…