СТО избира наследник на генералниот директор Роберто Азеведо
Светската трговска организација (СТО) покрена постапка за избор на нов генерален директор, кој ќе го замени Бразилецот, Роберто Азеведо, кој заминува од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот.
Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа ќе биде спроведено за три месеци. Новиот генерален директор, според непишано правило се избира со консензус, а гласањето се користи само како крајно средство.
Меѓу номинираните кандидати до сега нигериската економистка Нгози Окоњо-Ивеал, претседателка на одборот на Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), потоа Хесус Сеаде, висок претставник на мексиканското Министерство за трговија и поранешниот египетски трговски преговарач и поранешниот функционер на СТО, Хамид Мамдоух.
Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците –реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.