Стипендии за 42 студенти по медицина и фармација од Фондацијата „Трајче Мукаетов“


Студентите Елиф Врајнко, Стефан Пандилов, Влатко Каранфиловски и Никола Манев од Медицинскиот факултет, како и Марио Игњатовиќ од Фармецевтскиот факултет, кои имаат просек 10, денеска добија еднократна парична награда во висина од 1.200 евра, преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Годинава, доделени се 42 стипендии на студенти од Медицинскиот и фармацевсткиот факултет од Универзитетот „Св. кирил и методиј“ од Скопје, од кои 22 се за студенти на Фармацевтскиот, а 20 за студенти од Медицинскиот факултет.

Како што појасни директорот на „Алкалоид“ Живко Мукаетво, изборот на стипендистите е усвоен е од Управинот одбор на Фондацијата, од каде решиле место 40 да стипендираат уште двајца студенти кои ги исполнувале условите.

„Мило ми е што Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и компанијата „Алкалоид“ биле дел од успешна приказна на 374 дипломирани стипендисти по медицина и фармација до сега“, рече Мукаетов, при доделувањето на стипендиите што се практикува во изминативе 12 години.

Тој појасни, дека еден од првенците, веќе од следниот месец ќе ја почне својата кариера во „Алкалоид“, а до крајот на годинава вкупно 81 стипендирани студенти ќе бидат дел од компаниските процеси.

Стипендиите се стимул за успехот на студентите од кои се очекува да испорачаат уште подобри резултати за повисоки дострели во македонското здравство и фармацијата.

Стипендијата изнесува 6.500 денари, во тек на 12 месеци.