Стигна клупата на бардот Горан Стефановски кој ќе го краси Дебар маало


Во Скопје пристигна клупата на бардот Горан Стефановски чие поставување го одложи пандемијата. Клупата стигна од Лондон. 

-Спомен обележјето на големиот Горан Стефановски конечно пристигна и за неколку дена ќе го краси неговото Дебар Маало“, информираше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Стефановски, кој со семејствотo живееше во Кентербери, Англија, почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Телото на Стефановски беше кремирано на 5 декември 2018 година во „Barham Crematorium“ во Кентербери, а во својот тестамент Стефановски изрази желба пепелта да биде растурена над Охридското Езеро.

Дел од неговото богато творештво се Клинч, Јане Задрогаз, Чиракот Шекспир (радио-драма, 1975),, Сослушувањето на железничарот (тв-драма, 1976), Томе од бензиската пумпа (тв-филм, 1978), Наши години (тв-серија, 1979), Диво месо (драма, 1979), Лет во место (драма, 1981), ХИ-ФИ (драма, 1982), Дупло дно (драма, 1983), Тетовирани души (драма, 1985), Бушава азбука (детска ТВ-серија, 1985), Чернодрински се враќа дома (драма, 1991), Демонот од Дебар Маало (драма, 2006) и многу други.