Стевчо Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е прогласен за почесен граѓанин на Општина Тиват.
Тој го изрази задоволството од укажаната чест.
-На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се „улица Карпошка“ и улица „Сремско Карловачка“, во чест на долгогодишната соработка како збратимени општини. Благодарам пријатели од Тиват! – се заблагодари Јакимовски.