Стевчо Јакимовски бара Бадинтерово мнозинство за Македонците


Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,  бара за прашањата што ги засегаат Македонците, како што е францускиот предлог за преговори со ЕУ, да се примени принципот на Бадинтерово мнозинство.

Според него,  ваквите одлуки треба да се изгласуваат со две третини гласови од пратениците од македонско етничко потекло, а не како досега, тие да бидат изгласувани главно од Албанците, Турците и другите етнички заедници.