Стејт департментот побара Сенатот да го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО
– Оваа година се подготвуваме да ја примиме 30-тата земја, Северна Македонија, и со задоволство можам да кажам дека минатата недела формално ги доставивме документите за ратификација на Протоколот во нашиот Сенат. Заедно, членовите на Алијансата ја подобруваат заедничката одбрана. Го зајакнавме нашето присуство во регионите на Балтикот и Црното Море. Ја зголемуваме подготвеноста на нашите сили и ја подобруваме нашата отпорност кон хибридни и сајбер-закани од модерното време, истакна Помпео пред шефовите на дипломатиите на земјите сојузници во Алијансата кои се собрани во Вашингтон за да одбележат седум децении НАТО.
Прв пат, на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО официјално е поканета и Северна Макеоднија како идна 30. членка, претставена преку шефот на дипломатијата Никола Димитров.с