Стефоска: Потребно е создавање регионална платформа за културни политики
Европските интеграции, културното наследство и младите, се приоритети што денеска во своето излагање ги презентираше министерката за култура Ирена Стефоска на министерскиот состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации.
Стефоска, како што се наведува во соопштението од Министерството за култура, потсети на културните вредности и ги потенцира
– Во рамките на овие цели, потребно е да се обрне особено внимание на создавањето регионална платформа за културни политики која би вклучувала и заедничка база на податоци, рече министерката за култура.
За културното наследство, Стефоска рече дека е неопходно да се поттикнуваат иновативни пристапи и алтернативно користење на културното наследство со цел создавање нови врски и традиции кои ги зближуваат заедниците и го засилуваат чувството на припадност.
Во своето излагање пред високите делегати од ЕК и министрите од Западен Балкан, Стефоска ја нагласи потребата од засилена поддршка на мобилноста на културните оператори, особено на младите, и поддршка и развој на креативните индустрии.
Како што се наведува во соопштението, Стефоска потенцираше дека ни е потребна оваа заедничка Агенда на Западен Балкан за иновации, истражувања, образование, култура, млади и спорт и дека сме одлучни да продолжиме да ја развиваме и да ја прошируваме европската културна арена како суштинско средство за градење на нашата иднина.
Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации, ги обедини клучните засегнати страни од Европската Унија и од регионот на Западен Балкан. За време на онлајн состанокот
Марија Габриел, европски комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, ја претстави својата визија и новиот наратив за Западен Балкан „Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“, сеопфатна, долгорочна стратегија за соработка меѓу Европската Унија и Западен Балкан.
Министрите, на денешниот состанок ја вклучија културата во Агендата – Западен Балкан, преку посебна стратешка линија. Покрај ова, на состанокот на високо ниво беше усвоен и повисок буџет за програмата Креативна Европа при Европската Комисија.