Стартап од САД може да ја врати во живот изумрената птица додо


 

Стартапот „Colossal Biosciences“ со седиште во Далас, тврди дека се приближиле до оживување на доидо, птица која изумрела во 17 век, затоа што успеале да го дешифрираат геномот. Порано наведоа дека планираат повторно да го створат тасманискиот волк и волнениот мамут.

Но, стартапот има уште многу пред да ја воскреснат додо. Научниците не можат повторно да створат живот од нула, туку ќе мора да смислат начин на кој специфичните гени за прицата додо ќе ги стават во ембрион на веќе постоечко животно, пишува „Бизнис инсајдер“.

Компанијата собра дополнителни 150 милиони долари за проектот

„Следниот чекор е споредба на генетските информации со гените на слиски, сродни птици како што се никобарскиот гулаб и осаменикот оф Родригез за да отктијат која точно мутација на додо ја прави додо“, вели за Си-ен-ен Бет Шапиро, водеач генетичар на проектот. Шапиро додава дека крајниот план е повторно да се воведе оваа птица на маврициус, каде живеела пред да ја истребат луѓето.

Планот е „многу, многу предизвикувачки“, вели за Гардијан Еван Бирни, заменик-директор на Европската лабораторија за молекуларна биологија која не учествува во овој проект. Покрај тоа што се работи за многу предизвикувачка мисија, компанијата успеа да присобере дополнителни 150 милиони долари за проектот. Според Блумберг, стартапот поради оваа најнова инвестиција проценет е на 1,5 милијарди долари.

Треба прво да се спасат видовите што изумираат

„Постојат јасни етички прашања околу стварањето видови кои се планира да се пуштат во дивината. Некои мислат дека ако нешто е можно да се направи тогаш тоа и треба да се направи. Но, не сум сигурен која е точно целта на сѐ тоа и дали ова навистина е најдобра распределба на ресурсите. Треба прв да ги спасиме видовите кои ги имаме пред да изумрат“, вели Бирни.

Colossal Biosciences тврди дека по пат на овие истражувања сака да помогне при зачувувањето на постоечките видови.

„Очигледно сме сред криза на изумирање. Посебно се веселам на унапредувањето на генетичките алати за спасување на загрозените птици“, коментира Шапиро.