„Старбакс“ си оди од Русија по 15 години


Дуќаните на „Старбакс“ во Москва се затворени уште од март

 

„Старбакс“ ќе излезе од рускиот пазар по речиси 15 години, објави денеска корпорацијата.

Синџирот за кафе има 130 продавници во Русија и речиси 2.000 вработени – кои ќе продолжат да добиваат плата во следните шест месеци, бидејќи корпорацијата изјави дека ќе продолжи да го поддржува својот руски персонал.

Сите продавници на „Старбакс“ во Русија беа привремено затворени во март, бидејќи целата нејзина деловна активност беше суспендирана поради инвазијата на Украина.

Овој потег следи откако гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ трајно ја напушти Русија по 30 години и ги продаде сите свои 850 продажни места на локален купувач, што го означи излегувањето на некои од најголемите западни брендови од руските пазари.

„Старбакс“, кој ја отвори својата прва руска филијала во 2007 година, не даде никакви детали за финансиското влијание на излегувањето врз компанијата.