Старата скопска чаршија со звуците на оперски арии-традицијата живее 15 години (фото)


Фото: Б. Грданоски

Концерт на оперски арии и промоција на цеде на Христо Арсовски-драмски тенор и Андреја Наунов-пијано се одржаа синоќа на платото пред влезот на НОБ, во рамки на  традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, која почна завчера, а чија цел, веќе 15 години, е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети.

Фото: Б. Грданоски

Настанот предизвика интерес меѓу скопјани, а дел од амосферата ја фати објективот на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

Фото: Б. Грданоски

Вечерва во 21 часот на локацијата под Калето ќе има проекција на отворено на филмот „Една приказна од Приштина“ во режија на Бурбуќе Бериша со што завршува годинешната манифестацијата „Звуците на чаршијата“.

Фото: Б. Грданоски

– Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата, велат организаторите, КИЦ – Скопје.

Фото: Б. Грданоски