Стапката на невработеност 12,3 отсто
Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на активно население во земјава е 796.733 лица, од кои вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,6, стапката на вработеност 46,1 процент.