Стационарот во Вардариште ќе стане попријатно место за престој на кучињата
Од Град Скопје информираат дека стационарот за кучиња конечно ќе се реконструира и модернизира со цел подобри услови за живот на кучињата кои ќе бидат згрижени тука.
– После демонтажата, објектот ќе биде комплетно реконструиран, со нов покрив, подлога и боксови за кучињата според најсовремени стандарди за благосостојба на бездомните животни – информираат од градот.