Стабилно и суво за викендот, од понеделник дожд


Фото: Б. Грданоски

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини, соопшти УХМР.

Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.