ССМ: Недела да остане неработен ден за работниците

Од Сојузот на синдикати на Македонија укажуваат дека недела треба да остане неработен ден за работниците.
Во соопштение до медиумите до ССМ велат дека се загрижени по информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите.
Од ССМ исто така додаваат дека Предлог законите со самото тоа што веќе се доставени до Собранието, тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.
„Потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%“, се вели во реакцијата на ССМ.
Од таму сметат дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите.
Исто така велат дека не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.
„Поради се ова и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните“, велат од ССМ и додаваат дека бараат итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.